Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва се отвора изложбата на карикатури во “Остен“

0
By on May 30, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 30, 2013 10:37

Повеќе од 200 дела од исто толку автори ќе бидат изложени во галеријата „Остен“, на 41. светска галерија на карикатури, која ќе биде отворена вечерва.
Од „Остен“ велат дека на годинашното издание на манифестацијата се пријавиле 407 карикатуристи од 63 земји во светот, со повеќе од 1.580 дела.

„Пристигнатите карикатури освен што беа многу на број, беа со исклучителен квалитет. Конкурсот не беше на зададена тема и авторите можеа слободно да творат. Тие наоѓале инспирација во религијата, политиката, екологијата, во секојдневниот живот“, вели Корнелија Конеска, уметнички директор на „Остен”.

Од сите пристигнати дела, карикатуристот Мирослав Георгиевски-Миро и претставници од „Остен“ селектирале 246 карикатури од 246 автори. Нив потоа ги оценувало меѓународно жири во состав: Ленг Му од Кина, карикатурист и директор на музејот на карикатури „Гугл М“, Лиза Донели од американски „Њујоркер“, Петер Писметровиќ од Австрија, Ердоган Басол од Турција и Мице Јанкуловски од Македонија. Првата награда за карикатура му ја доделија на Јури Кособукин од Украина, кој почина во јануари годинава. Првата награда за сатиричен цртеж ја доби Мехмет Арслан од Турција, а наградата за стрип му припадна на Саед Садеги од Иран. Две од наградените дела се со религиска содржина. Од галеријата информираат дека ниту еден од наградените нема да дојде во Скопје.

Годинава жирито додели и 11 специјални награди, од кои една му припадна на македонскиот карикатурист Блаже Докулески.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

ВЕСТИ June 25, 2026

Венецуела се соочува со една од најтешките природни катастрофи во последните години, откако два силни…

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.