Во четвртокот панамската полиција ги „чешлаше“ канцеларите на Мосак Фонсека, поради обвинувањата дека претседателот Фонсека примил мито за да ги пере валканите пари кои се дел од големата корупциска афера со бразилскиот градежен гигант „Одебрехт“. Имено, тие велат дека раководстовото ја користело фирмата за да ги покрие трагите на исплаќање мито на политичари од „Одебрехт“.
Во изминатата деценија оваа градежна компанија доби договори вредни половина милијарда долари од Панамската влада. Во декември минатата година, пак, фирмата мораше да плати 3,5 милијарди долари казна откако признаа дека плаќале мито во 12 држави за да добијат зделки од владите. Перуанската полиција пред два дена пушти меѓународна потерница за поранешниот перуански претседател Алејандро Толедо поради примање мито од „Одебрехт“.
„Документите од Панама“, досега најголемиот светски проток на тајни документеи од адвокатскит фирми кои оперираат во офшор зоните, ги откри овие шеми кои оваа фирма и уште еден нафтен гигант од Бразил ги правеле на континентот.
НОВАТВ беше партнер на OCCRP и Меѓународниот конзорциум на новинари од Вашингтон и ги обработуваше Документите од Панама поврзани со Македонија. Од кај нас, таму се најде името на бизнисменот и кумашин на Сашо Мијалков, Јордан Камчев.




