Комесарката за нови технологии Нели Крос најави денес дека наскоро ќе презентира законски пакет со кој се стави крај на “роамингот“ во ЕУ.
За време на европските избори во 2014 година “сакам да им кажеме на граѓаните дека ЕУ има влијание врз нивниот живот и дека ние го адаптираме законите според нивните легитимни очекувања“, им рече Кроес на европските парламентарци денес во Брисел.
“Роаминг“ тарифите веќе се лимитирани во ЕУ. Тарифата за консултацијата на интернет, примање и праќање мејлови и слики на мобилен телефон е лимитиран на 70 центи по мегаоктет од 1 јули 2012 година. Оваа цена ќе мине на 45 центи од 1 јули 2013 година и на 20 центи од 1 јули 2014 година.
Дадените и примени повици како и смс пораките исто така дегресивно паѓаат. Од 1 јули 2014 година ќе имаат максимална цена од 19 центи за даден повик и 6 центи за добиен повик.
Планот на Крос беше да презентира пакет најдоцна во септември оваа година за да се обезбеди слободен пристап во интернет и за борба против сајберкриминалот.
Целта е тој да се усвои најдоцна за Велигден 2014 година и да стапи на сила во текот на 2015 година и 2016 година. “Пазарот мора да функционира, апаратите мораат да фукционираат, мрежите треба да функционираат и инвестициите мораат да се прават. Не можеме да дозволиме да ги чуваме пречките кои се бројни и кои денес постојат“, им рече Крос денес.
Автор: Светлана Јовановска