Светските обложувалници со експресна реакција по веста дека Јелена Ѓоковиќ е бремена и дека заедно со Новак во текот на 2017 година по вторпат ќе станат родители. Во своите содржини понудија игри што се достапни за обложување за полот на детето и за името што ќе го добие што е вообичаена пракса кога станува збор за славните личности.
Коефициентот дека второто дете на славната двојка ќе биде машко изнесува 1,80. Опцијата дека Стефан ќе добие сестричка има коефициент 2,10.
Немања е фаворит кај машките имиња со квота 3,00. Опциите Марко (коефициент 5.00) и Ѓорѓе (10,00) речиси и да немаат шанси од проста причина што така се викаат браќата на Новак, а според традицијата не е вообичаено да се даваат имиња на живи блиски роднини.
Ако, пак, биде девојче, според букмејкерите, најголеми шанси има името Катарина (4,50). По него, меѓу фаворитите се Милица (5,00), Елизабета (6,00) и Дијана (7,00).