Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва награда за фотографијата на убиецот на рускиот амбасадор

0
By Нова ТВ on February 13, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 13, 2017 14:11

Прст во воздух, оружје во рака и лут поглед, фотографијата од убиецот на рускиот амбасадор во Турција кој ја овековечи фоторепортерот Бурхан Озбиличи ја освои првата награда на најреномираниот конкурс за новинарска фотографија, објави World Press Photo.

Жирито ја пофали професионалноста на Бурхан Озбиличи, фотограф-новинар на Associated Press (AP), кој фотографијата ја сними на 19 декември, додека Мевлут Мерт Алтинтас, 22 годишен полицаец, испука девет куршуми во рускиот амбасадор Андреј Карлов во Анкара. Полицаецот го застрела амбасадорот, извикувајќи дека тоа е одмазда за жртвите во Алепо, а потоа и тој беше убиен од обезбедувањето.

Снимката е прегледана 18 милиони пати во само неколку часа по убиството, а фотографијата „обележа важен момент во историјата на Турција“, рече Бурхан Озбиличи, истакнувајќи дека тој само ја работел својата работа.

„Како новинар не можев да си заминам за да ја спасам сопствената кожа“, рече тој.

На конкурсот повеќе од 5.000 фотографи од 125 земји испратиле 80.000 фотографии. Меѓу нив, 45 се наградени во осум различни категории.

„Одлуката беше многу тешка, но на крајот почувствувавме дека фотографијата на годината е експлозивна и сведочи за омразата на нашето време“, изјави Мери Калверт, член на жирито.

амбасадор награда фотографија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.