Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спортски Оскар: Јусеин Болт и Симоне Бајлс лауреати

0
By Нова ТВ on February 14, 2017 СПОРТ
Фото: cnn.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 14, 2017 22:37

Јусеин Болт и Симоне Бајлс ги понесоа спортските Оскари на вечерашната гала свеченост во Монако. Спринтерот од Јамајка и американската гимнастичарка оставија неизбришлива трага на ланските Олимписки игри во Рио де Жанеиро што ги направи доминантни во конкуренцијата по ласкавото признание.

Болт е единствениот спортист до три медали на три Олимијади едноподруго. Во Пекинг, Лондон и во Рио се закити со злато во трките на 100 метри, на 200 метри и на 4х100 метри (штафетното од Пекинг го загуби поради позитивен допинг тест на колега во тимот) за четврта Оскар статуетка колку што имаат тенисерите Роџер Федерер и Серена Вилијамс и сурферот Кели Слејтер.

Фото: abc.es

Американската тинејџерка Бајлс, пак, е првата девојка со четири златни одличја на едни Олимписки игри.

„Сè уште не можам да се препознам себеси во друштво на овие големи спортисти. Одлично се чувствувам. На крајот на оваа година или почетокот на наредната ќе почнам со подготовки за Игрите во Токио. Се надевам дека и таму ќе имам резултати како оние во Рио“, рече 19 годишната Бајлс.

Нејзиниот сонародник Мајкл Фелпс, најодликуваниот олимпиец на сите времиња, го доби признанието за кам-бек на годината. Тој во Рио освои пет злата во пливачките дисциплини, а по Игрите најави дека се повлекува од настапи.

Награди добија уште Нико Розберг, италијанската параолимпијка Беатриче Вио и десетчлениот тим на бегалци што го состави Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). Половина го сочинуваа спортисти од Јужен Судан, по двајца имаше од Сирија и Демократска Република Конго и еден од Етиопија.

Симона Бајлс Спортски Оскар Усеин Болт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.