Роџер Федерер го искористи отсуството на АТП турот и целата измината недела ја мина со сопругата Мирка и близнаците во зимскиот центар Сент Мориц. Присуството во моденското одморалиште на швајцарските Алпи беше прилика да проследи и дел од трките на Светското скијачко првенсто. Во таа пригода откри дека го сака скијањето, но и дека не скија, а кажа и зошто.
„Се плашам од повреди. Би ми било тешко да влезам и во тие чизми. Минатата година имав време да скијам со моите ќерки, но тоа не го сторив. Тие сакаат да скијаат, го обожуваат скијањето и се на вистинска возраст да научат“, истакна Федерер и накусо го спореди скијањето со неговиот тенис.
„Во неколку секунди се одлучува за се. Имате малку време за размислување. Во тенисот е поинаку“.