За прв пат по шест години во некој дел на светот и официјално е прогласена општа глад. Во Јужен Судан, според бројките на властите и на Обединетите нации, околу 100.000 луѓе се соочуваат со гладување а милиони се претпоставува дека ќе го доживеат истото ако не се работи на проблемот.
ОН упати предупредување за општа глад и во Јемен, Сомалија и делови од Нигерија.
Според хуманитарните комитети и агенциите кои се занимаваат со овој проблем, како и Светската програма за храна при ОН, 4.9 милиони луѓе имаат итна потреба од храна.
Првиот човек на Светската програма за храна при ОН, Џојс Лума вели, општата глад е последица на човечкото дејствување, односно воените конфликти кои се случуваа во Судан изминативе три години кои го намалиле производството и луѓето не можат да работат на земјоделските површини.
Јужен Судан со истиот проблем се соочуваше во 1998 година за време на војната за независност од Судан.