НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анушка Шанкар ја преполни Универзална

0
By on June 2, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


12.издание на Оф фест, вчера пред преполната Универзална го отвори Анушка Шанкар со својата група, која го претстави својот најнов проект, музика која е комбинација на древните индиски раги и стари шпански фламенко композиции.

Публиката беше воодушевена од мајсторската изведба на Анушка на ситарот, но кога некој од публиката извика „Пеј за нас Анушка!“, таа одговори: „Нема шанси, затоа имам пејачка“.
Шанкар е една од водечките фигури на т.н. музика на светот. Нејзиното творештво влече корени од индиската класична музика како и од музиката на нејзиниот татко, легендарниот Рави Шанкар, кај кого таа се школувала од својата деветта година.

Како композиторка, ја истражува плодната синтеза на индиската музика со разните музички жанрови, фламенко, електроника, џез и класична музика.

Двапати е номинирана за престижната награда „Греми“. Таа е најмладата музичарка и првата жена во историјата на „Греми“, која е номинирана во категоријата „светски музички албум“ за изданието „Во живо во Карнеги хол“” (2002), а подоцна и првата индиска музичарка што бележи настап на доделувањето на „Греми“ наградите (2006), кога беше номинирана за албумот „Рајз”.

Вечерва на Оф фест, публиката ќе ги слушне турската група „Таксим трио“ и македонскиот проект на Горан Трајковски и Елена Христова, „Биоскопиа“.

Посетителите на концертот во анкетата на НОВА, велат дека фестивалот е ретка можност да се слушнат светските музичари, бидејќи македонските медиуми не пуштаат ваков вид музика. „Квалитетот е изгубен за сметка на комерцијалното“, велат тие.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.