Златниот лав на 55-то издание на Венециското биенале за најдобра национална презентација за 2013 година ѝ е доделен на Ангола за изложбата на Едсон Чагас „Најдено, не забрането” или „Luanda, Encyclopedic City” а поединечно го доби британскиот уметник Тино Сигал.
Едсон Чагас е награден за изложбата со која „ја испитува перцепцијата на градот и на кој начин поплавата од симболи го карактеризира урбаниот живот” се наведува во образложението на жирито.
Жирито на Биеналето за најдобро дело на централната изложба насловена „Енцикопедиска палата” го оцени делото на британскиот уметник Тино Сигал. Нему му е доделен Златен лав за „извонредност и иновативност со која неговото дело го отвора просторот за уметничките дисциплини”.