Ејпл објави дека нивното ново седиште, изградено според визијата на Стив Џобс, во април ќе биде подготвено за вработените. Повеќе од 12.000 работници нема веднаш да се преселат таму, туку целиот процес на селење ќе трае околу шест месеци.
Огромната зграда која досега ја нарекуваа вселенски брод среде Сицилијанската долина, го доби и службеното име – „Ејпл парк“.
Комплексот се протега на 464 километри квадратни и е сместен во заливот Санта Клара. Според пишувањето на американските медиуми неговата изградба чини 5 милијарди долари. Она што е посебно во однос на изградбата на главната зграда е енергетската ефикасност, проектирана е така да девет месеци во годината нема да биде потребно ни греење, ни ладење.
Новото седиште беше една од последните визии на Стив Џобс, кој вчера требаше да го прослави 62. роденден, а неговото име ќе го носи стаклената сала среде комплексот во која ќе можат да се сместат 1000 луѓе.
Иако ова ќе биде огромен комплекс за вработените, Ејпл Парк ќе има центар за посетители со кафетерии, така да ќе можат да го видат сите фанови на Ејпл.
На вработените уште ќе им бидат на располагање фитнес центар од 9.300 квадрати, центар за истражување и развој, повеќе од три километри стаза за трлање и шетање, овоштарник, езеро и ливади. Внатре во комплексот се насадени 9.000 садници.