Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЈО бара учество во работата на Академијата за судии и обвинители

0
By Нова ТВ on February 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 28, 2017 09:49

Специјалното јавно обвинителство денеска упати барање до Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“  за продлабочување на соработката со Академијата во духот на законските одредби.

Во дописот на СЈО до Академијата пишува:

„Со донесениот закон ова Јавно обвинителство кое е основано за целата територија на Република Македонија, претставува дел од правосудниот систем во Република Македонија. Согласно чл.3 од Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство е избран од страна на Советот на јавни обвинители на предлог на Собранието на Република Македонија.

Имајќи предвид дека примарната цел на основањето на Академијата која е пропишана со Законот за Академијата за судии и јавни обвинители е да обезбеди професионално, независно, непристрасно и ефикасно извршување на судиската и јавно-обвинителската функција, како и стручно и ефикасно извршување на работите на стручните служби во судството и јавното обвинителство, сметаме дека Академијата врз основа на законските пропишани обврски има должност да остварува професионална соработка и со ова Јавно обвинителство, исто како и со останатите Јавни обвинителства, која соработка ги подразбира подоле наведените аспекти:

Согласно чл.11 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители со кој е пропишано дека Управниот одбор е орган на управување на Академијата и го сочинуваат девет членови, а во кој е предвидено членување на по еден член од редовите на Јавните обвинителства во Јавното обвинителство на Република Македонија, обвинителства, од Основните Јавни обвинителства, и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а со оглед на фактот што од една страна не е предвидено членување на Јавни обвинители од ова Јавно обвинителство сметаме дека неопходно да се изврши изменување и дополнување на постоечкото законско решение.

Имајќи предвид дека Академијата е директно надлежна за спроведување на законот, а од причини што на овој начин на ова Јавно обвинителство му е ускратено правото за активно учеството во работата на Академијата преку учество во одлуките кои ги донесува Управниот одбор на Академијата. Ова Јавно обвинителство смета дека согласно обврската за изготвување на Специјализираната програма за доброволна континуирана обука најдоцна до декември во тековната година, за наредната година, Академијата нема постапено во смисла на чл.12 од Правилникот за континуирана обука кој пропишува дека за потребите на изготвувањето на програмите и каталогот на обуки се консултираат и се бараат мислења и предлози од јавните обвинителства, како и дека извори на информации за анализата на потребите за обука меѓу останатите се и извештаите и на јавните обвинителства.

Ова од причини што Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите нее консултирано при изготвување на програмите и каталозите на обука, ниту е вклучено во Каталозите на обуки па истите и не се доставени до ова Јавно обвинителство.

Сметаме дека Академијата нема постапено согласно член 15 од Правилникот за континуирана обука кој пропишува обврска за Академијата за судии и јавни обвинители подготвениот Годишен каталог на обуки да ги запознае вклучително и јавните обвинителства, но истиот не е доставен до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Понатаму, согласно чл.14 ст. 2 од Правилникот за континуирана обука општата програма за континуирана програма се донесува за време од две години а врз основа на неа се усвојува годишен или полугодишен каталог на обуки. Во програмата за реализација на континуираната обука според целни групи во кои се вклучени членови на Судскиот совет на РМ, судии на Врховниот сум на РМ, судии на апелационите судови, јавните обвинители од Вишите Јавни обвинителства, претседатели на судови и јавни обвинители на Јавните обвинителства како и судии и јавни обвинителства, сакаме да потенцираме дека Јавниот обвинител на ова Јавно обвинителство како и Јавните обвинители кои се избрани од редот на постојните јавни обвинители во ова Јавно обвинителство не се вклучени во Општата програма за континуирана обука на судиите и јавните обвинителите 2017-2018.

Дополнително, имајќи ја предвид пропишаната обврска од чл.114 ст.3 од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, со кој е пропишано дека континуираната обука е задолжителна за судиите, јавните обвинители, претседателите на судовите и јавните обвинители на јавните обвинителства, континуирана обука која Академијата за судии и јавни обвинители ја спроведува врз основа на Општа програма за континуирана обука и Специјализирана програма за задолжителна обука, сметаме дека Академијата директно го има попречено исполнувањето на законската обврска на Јавните обвинители за посетувањето на задолжителната континуирана обука.

Понатаму, со оглед на фактот што од изборот за јавни обвинител кој раководи со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следењена комуникациите и изборот на Јавни обвинители за јавни обвинители во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Академијата за судии и јавни обвинители нема постапено во смисла на член 12 од Правилник за едукатори и ментори во Акедомијата за обука на судии и јавни обвинители кој пропишуваобврска за Академијата до судите судови и јавни обвинителства во Република Македонија да достави писмени известувања за потребата од едукатори.

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите изразува уверување дека Академијатаза судии и јавни обвинители ќе ги земе во предвид наведените укажувања, ќе постапи по истите, а во насока на зајакнување на меѓуинституционалната соработка.

Академија за судии и обвинители СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.