Друштвото на писателите на Македонија утре ќе го одржи своето Годишно собрание со тема „Гласот на делото, глас на писателот“. Собирот ќе го отвори претседателот на Собранието на ДПМ, Веле Смилевски.
Потоа учесниците ќе расправаат за различните аспекти на темата во обид да се одговори на прашањето дали и зошто писателите молчат.
Во попладневните часови ќе се одржи поетска средба на која ќе настапат триесетина автори, членови на ДПМ од Битола, Прилеп, Тетово, Велес, Куманово, Струмица, Радовиш, Охрид, Струга, Кочани, Штип, Скопје и од Крушево.