НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Керн бара забрана за митинзи на турски политичари во ЕУ

0
By Нова ТВ on March 5, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Австрискиот канцелар Кристијан Керн денеска повика да се забранат митинзите на турските политичари во ЕУ за да се  спречи оделните земји членки на Унијата, како што е Германија, да се најдат под притисок на Анкара.

Во интервју за неделното издание на германскиот весник „Велт“, Керн ја повика ЕУ да ги прекине преговорите со Турција за членство во блокот и да ја отфрли или ограничи помошта од 4,5 милијарди евра, што е планирана за Турција до 2020 година.

-Треба да ги преформулираме односите со Турција без илузии за членство во ЕУ, истакна австрискиот канцелар, пренесуваат британските медиуми.

Според него, во изминатите неколки години Турција се повеќе се одалечуваше од Европа, газејќи ги човековите права и демократските вредности, додека „не може ни да се зборува за некаква слобода на медиумите во оваа земја“.

Керн, исто така, го критикуваше апсењето на германскиот новинар од турско потекло, Дениз Јуџел, инаку дописник на весникот „Велт“, барајќи го неговото итно ослободување, а го критикуваше и апсењето на многу други новинари, академици и државни службеници во Турција.

Меѓутоа, австрискиот канцелар укажа дека Турција останува важен партнер на ЕУ за прашањата на безбедноста, миграцијата и економската соработка, истанувајќи дека Анкара ги исполни обврските што ги имаше во согласност со спогодбата со ЕУ за мигрантите.

Турција вчера најави дека, и покрај противењето на властите во Германија и Холандија, ќе продолжи да оддржува митинзи во двете земји за Турците, кои таму живеат, да ги повика да го поддржат референдумот закажан за 16 април на кој граѓаните ќе се изјаснуваат за зајакнување на ингеренциите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган

Кристијан Керн Реџеп Таип Ердоган
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.