Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ААВМУ: ТВ Алфа и ТВ Нова не почитуваат професионални стандарди

0
By Нова ТВ on September 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Начинот на известување на телевизиите Алфа и Нова укажува на непочитување на професионалното начело за еднаков третман на различните гледишта, се наведува во Извештајот од мониторингот на изборното медиумско известување за периодот од 27август до 5 септември, што го спроведува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ).

Во рамки на мониторингот, како што соопшти денеска ААВМУ, кај ТВ Нова е констатирано прекршување и на три други начела.

Во емисијата „Отворено студио“, со наслов „За или против геј бракови“, емитувана на 10 август годинава телевизијата постапила спротивно на начелата за еднаквост на правата и слободите на луѓето по сите основи и за објективно и непристрасно прикажување на настаните.

Со прилогот „Обвинителен акт против гинекологот кој презентирал лажна бременост на пациентка“, емитуван на 31 август годинава, ТВ Нова не го почитувала и начелото на пресумпција на невиност.

Извештајот од мониторингот покажува дека радиодифузерите продолжуваат да ја следат веќе востановената уредувачка политика при известувањето.

– Како и досега, квантитативно најприсутна е Владата – преку информирање за внатрешно-политичките и за надворешно-политичките активности, од кои во фокусот особено беше посетата на министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕијас на Република Македонија, соопшти денеска ААВМУ.

Исто така, како што посочуваат, продолжува практиката при известувањето за комуникацијата на релација власт-опозиција, при која неретко се јавуваат „псевдонастани“ кои се преточуваат во „псевдовести“, некои од телевизиите и радијата да држат дистанца од ваквата матрица, а некои од нив – да ја пресликуваат.

ААВМЅ Алфа Извештај мониторинг ТВ Нова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.