Карпош С. со пораз ги заврши настапите во дебитантската сезона во АБА лигата. „Соколите“ загубија од Мега Лекс, во Сремска Митровица, со 82:69 (по четвртини: 15:20, 25:22, 22:18, 20:9) во меч што беше решен во последните 13 минути.
Тимот на Драган Николиќ изгледаше дека ја има контролата на теренот, имаше и плус 7 во 27 минута (60:53). Но, домашните, сепак, успеаја да го завртат резултатот во своја корист и со серија од 16:0 да осигураат сигурен финиш и победа.
Спасоевиќ со 20 поени беше најефикасен во победничката екипа и воопшто на средбата, Трајковски го предводеше Карпош С. со 17 коша.
Карпош С. се повлекува од јадранската кошаркарска конкуренција до наредната сезона со биланс од 10 победи (9 на домашен терен и една на гости) и 16 порази.
Вториот македонски претставник во АБА лигата, МЗТ Скопје во понеделник (18 ч.) на домашен терен ќе игра со Морнар во последното коло од регуларниот дел на сезоната. Двете екипи од Скопје обезбедија опстанок во натпреварувањето во кое за титулата ќе разигруваат Црвена звезда, Цедевита, Партизан и Будуќност.