Четврта победа за кошаркарите на МЗТ Скопје во АБА лигата, прва под водство на новиот тренер Анте Назор. Македонскиот шампион го совлада Будуќност со 96:90 (по четвртини: 23:25, 29:23, 18:24, 26:18). Дури седум домашни играчи постигнаа двоцифрен број кошеви пришто најмногу забележа Скот (15). Кларк и Клоф уфрлија по 14, Дреновац 13, Симоновски и Диабате по 12, Лалиќ 11.
Металците овојпат беа на ниво. Фатија респектибилен број на топки под кошевите, особено во својот рекет (23), а во седум наврати се изборија за нов напад во противничкиот. Имаа и добар проток на топка и беа расположени за игра и надигрување за што говорат и 23. асистенции. Ги служеше и шутот (58 отсто во просек) или по 59 отсто погодија од линијата за слободни фрлања (13/22) и во ударите за тројка (13/22) и 58 отсто за два поена (22/38).
Вилијамс од гостинската екипа постигна најмногу кошеви во СЦ „Јане Сандански“. Американецот во составот од Подгорица заврши со 21 поен, Рејнолдс даде 18, а Поповиќ 16 во вториот пораз на црногорскиот првак во Скопје во оваа сезона по оној од Карпош Соколи пред неколку кола.
МЗТ Скопје во наредното коло ќе гостува во Бар кај екипат на Морнар.