Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АБК: Да се елиминираат бариерите за водење бизнис

0
By НОВА ТВ on November 30, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 30, 2021 11:19

Изминатиов период се евидентирани големи загуби и пад на економиите во скоро сите сектори. Потребата од квалитетен кадар кој одговара на потребите на бизнисот и натаму е проблем, поради што треба да се преземаат заеднички активности. Соработката со владите мора да продолжи, а неопходно е и елиминирање на бариерите за водење бизнис во регионот преку преземање нови и продолжување на почнатите иницијативи, порача Асоцијацијата на балканските комори (АБК) од генералното собрание.

Со собранието кое се одржа онлајн, претседаваше Бугарската трговско-индустриска комора, а во фокусот на дебатата беа поддршката на компаниите, новите услуги кои ги креираат коморите и регионалната соработка.

Коморите од Западен Балкан се согласија дека преку процесот на дигитализација треба да покажат дека се лидери во следење на светските и европските текови и своите активности да ги насочуваат во тој правец со оглед на условите во кои се работи.

-Неопходно е и целосно свртување кон компаниите, нудење постојано нови услуги кои произлегуваат од нивните барања и потреби, а се насочени кон зголемување на нивната конкурентност. Регионалната соработка треба да продолжи и да се интензивира. Сите комори од АБК треба да ја насочат енергијата кон учество во заеднички проекти кои ќе имаат бенефити за секоја економија посебно, но и за целиот регион, стои во заклучоците на АБК.

На генералното собрание учесник од Стопанската комора на Северна Македонија беше потпретседателката и проектен менаџер за развој на новите совети, Јелисавета Георгиева-Јовевска. Таа се осврна на се што Комората презеде изминатиов период за поголема помош и поддршка на компаниите за совладување на предизвиците предизвикани од корона пандемијата.

Георгиева-Јовевска информираше за формираниот Кризен штаб, ја апострофираше трансформацијата на Комората преку формирањето на четирите совети, но се осврна и на новите услуги за фирмите.

– Во завршна фаза е измената на Законот за царинска тарифа со која ќе се услови намалување на увозните давачки за суровини и репроматеријали (усогласување на нивото на стапки во ЕУ). За извозно ориентираните компании,кои реално и сега и во иднина ќе ја држат нашата економија на нозе, оваа мерка е силна поддршка која значително ќе влијае на зајакнување на конкурентноста на домашните производи и можност за нивно поголемо присуство на странските пазари, рече Георгиева-Јовевска.

Се работи, додаде, и на намалување или укинување на дел од парафискалните давачки како предвидена мерка, што е повеќе годишно барање на Стопанската комора.

-Се спроведуваат серија активности за оваа цел, од промена на законската и подзаконска регулатива која е поврзана со неданочните и парафискалните давачки, неможност да се воведе ниту една дополнителна давачка без согласност од Министерството за финансии или мислење доколку се работи за одлуки кои ги носи Владата, до воспоставување регистар на неданочни давачки преку кој ќе се донесат соодветни решенија за оправданоста и целисходноста од постоење и воведување одредени надоместоци и давачки кои не остваруваат значаен фискален приход, а претставуваат значаен трошок за компаниите, наведе потпретседателката.

Приоритет, рече, се даде и на мерките за поддршка на инвестициските активности на компаниите во насока на унапредување на нивната продуктивност и конкурентност со проширување на програмите за поддршка за инвестициските циклуси на домашните фирми преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции и Законот за стратешки инвестиции, но и со барање засилено да се применува концептот на јавно-приватно партнерство, особено во областа на енергетиката, инфраструктурата, екологијата, здравството и образованието.

– Во насока на одржување на ликвидноста на компаниите, особено за оние од секторите кои беа посериозно засегнати од кризата, преку Развојната банка се применија и мерки за обезбедување државна кредитна и државна царинска гаранција. Покрај другите мерки, ние како Комора заедно со Царинската управа и другите надлежни институции постојано се заложуваме за што поефикасен проток на стоки преку ослободување на коридорите за снабдување со репроматеријали за непречено работење за нашите компании, истакна Георгиева-Јовевска.

Во однос на регионалната соработка, таа се осврна на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и на иницијативата Отворен Балкан.

– Многу е важна во следниот период нашата регионална соработка и поврзувањето на компаниите од нашите земји со компаниите од регионот и пошироко со цел заеднички настап на трети пазари и создавање уште подобри релации на соработка меѓу нашите деловни заедници. Заеднички продолжуваме да работиме на приоритетите на АБК: развивање на соработката меѓу бизнис заедниците во регионот и заеднички со трети земји, охрабрување и поддршка на активностите насочени кон структурни реформи во економиите на балканските земји со поглед кон пристапувањето во ЕУ, иницирање и имплементација на заеднички проекти за Балканскиот регион, како и заедничко учество во ЕУ програмите и останатите партнерски програми и фондови, потенцира Георгиева-Јовевска.

Обраќања на генералното собрание имаа и високите претставници од сите комори на АБК.

Следната година претседателствувањето со АБК го презема Стопанската комора на Кипар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.