Published: Tuesday, December 16, 2014 10:27
Сиднеј е потресен по завршувањето на 16-часовната заложничка драма и загинувањето на 38-годишната Катрина Досон и 34-годишниот Тори Џонсон.
>> Крвав епилог во Сиднеј: Двајца заложници се убиени и еден од киднаперите
Премиерот на Австралија Тони Абот за напаѓачот вели бил „заслепен од екстремизам“ и бил ментално нестабилен.
Тој вчерашниот случај во сиднејското кафуле „Линд“ го опишува како „страшен инцидент“.
Според Абот, станува збор за лекција која Австралија ќе треба да ја научи, по нејзиното прво соочување со тероризмот.




