Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

АД Бутел: Телата на загинатите се преземени по стандардна процедура

0
By Соња Трајковска on August 10, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 10, 2016 13:13

Телата на сите загинати од поплавите се преземени од семејствата заклучно со вчера. Ова за НОВА го потврди директорот на АД Бутел Илија Филиповски.

Тој вели дека целата процедура била стандардна и демантира дека семејствата за да ги преземат телата наводно требало да потпишат изјави во кои се откажуваат дека ќе бараат обдукција.

– Таква процедура не постои и ние не сме надлежни да бараме такво нешто. Одговорно тврдам дека такво нешто нема, вели Филиповски, додавајќи дека ова го говори во име на АД Бутел, но не може да зборува за останатите над 50 оператори кои според Законот се занимаваат со оваа дејност.

Доколку некој има таков документ, според него, треба да се обрати до надлежните институции и министерства.

Сомнежот околу целата процедура на погребување на загинатите од поплавите се појави по информацијата дека вр нивните тела не е извршена обвукција за да се утврди причината за смртта. Јавното обвинителство  одговарајќи на прашања на НОВА соопшти дека „нема ингеренции да постапува во услови на елементарни непогоди и во случаи каде нема сомнение за сторено кривично дело“, но дека сепак, „откако дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје беше известен од МВР – СВР Скопје за човечките жртви во поплавите тој ги даде сите потребни инструкции за постапување на полициските екипи на терен“.

– Согласно Законот за кривична постапка (член 246 став 1) – „Преглед и обдукција на леш ќе се преземе кога постои сомневање дека смртта е предизвикана со кривично дело” и со оглед на тоа што во случајот не постоеше сомнение за сторено кривично дело, надлежен јавен обвинител не издаде наредба за обдукција туку даде насока телата на починатите да се однесат во капелата во Бутел за идентификација и потоа да се предадат на семејствата за погреб. Јавниот обвинител наредува обдукција само согласно Законот за кривична постапка, односно тогаш кога постои сомневање дека смртта е предизвикана со кривично дело, велат од Обвинителството.

Сепак нагласуваат дека според Законот за здравствена заштита, обдукција можат да побараат и други институции, како и членови на потесното семејство на жртвите.

На прашањето зошто Јавен обвинител не излегол на увид на лице место, од Јавното обвинителство повторно се повикуваат на Законот за кривична постапка, односно дека надлежен јавен обвинител раководи со увидот на лице место само во услови кога постои сомнение за сторено кривично дело.

– Во конкретниот случај станува збор за елементарна непогода и не постоеше сомнение за сторено кривично дело. Истовремено дежурниот јавен обвинител од страна на полициските екипи беше известен дека на теренот каде беа пронајдени телата не може да се врши увид и фотографирање, затоа што е непристапен и непрооден, а на истиот пристап имаат само специјални единици од МВР и од АРМ со чамци и оклопни возила, велат од Обвинителството за НОВА.

АД Бутел загинати Јавно обвинителство обдукција поплави
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.