Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адеми и Николов останаа без ЛШ: Динамо З. и Види МОЛ во Лига Европа

0
By Нова ТВ on August 29, 2018 СПОРТ
Фото: facebook.com/bscyb/
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екипите со македонски интернационалци ќе мора да се задоволат со настапи во групите во Лига Европа оваа есен. Особено болна е елиминацијата на Динамо Загреб кој во само три минути дозволи да прими два гола на „Максимир“ што на крајот значеа и пораз од Јанг Бојс со 1:2. Првиот меч во Берн заврши без победник (1:1), па швајцарскиот претставник ќе биде дел од европската клупска елита во сезоната 2018/19. „Модрите“ поведоа со голот на Хајровиќ во седмата минута, гостите израмнија во 64. минута по ударот од белата точка на Хоару, а истиот фудбалер се запиша во листата на стрелци и две минути подоцна за голема радост на неговата екипа која ќе дебитира во групната фаза во Лигата на шампиони. Аријан Адеми беше стартер кај домашните, но поради повреда беше заменет во 32. минута.

Второто по ранг натпреварување на УЕФА е утеха и за Види МОЛ на Бобан Николов. Унгарскиот состав ремизира против АЕК кој ќе биде дел од групите во ЛШ благодарение на триумфот со 2:1 во воведните 90 минути во Унгарија. Обата гола на стадионот „Спирос Луис“ во Атина беа постигнати во период од девет минути во второто полувреме. Грчкиот состав поведе со гол од пенал на Манталос во 48 минута, израмни Него во 57. минута, но тимот od Шекешфехервар до втор погодок за продолжение не успеа да дојде. Македонскиот репрезентативец беше во почетните 11 на тренерот Марко Николиќ и го одигра само првото полувреме.

Трет патник во групите во ЛШ преку бараж двомеч е Ајакс чии фудбалери одиграа без голови во реваншот со Динамо во Киев. Холандскиот тим во минатата недела славеше со 3:1 на својата „Амстердам арена“.

Вечерва ќе бидат познати и последните три учеснички во групите во ЛШ. Црвена звезда му гостува на Салцбург по 1:1 во првата средба во Белград, со идентичен резултат на стадионот „Тумба“ во Солун ќе истрчаат ПАОК и Бенфика додека ПСВ Ајндховен ќе биде домаќин на БАТЕ Борисов по победата со 3:2 во Белорусија.

Лига на шампиони, плејоф

Резултати, реванши

Динамо Загреб – Јанг Бојс 1:2 (1:1)

АЕК – Види МОЛ 1:1 (2:1)

Динамо Киев – Ајакс 0:0 (1:3)

Вечерва играат

Салцбург – Црвена звезда (1:1)

ПАОК – Бенфика (1:1)

ПСВ Ајндховен – БАТЕ Борисов (3:2)

Во загради се резултати од првите средби.

Аријан Адеми Бобан Николов Види Динамо Загреб Лига на шампиони плејоф фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.