Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адеми: Каде завршија 250 милиони евра од унгарскиот кредит, Албанците надвор од листата на корисници

0
By Zoran Ivanov on September 28, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Национална алијанса за интеграција ја изразува својата најдлабока индигнација кон дискриминаторските политики на оваа влада, која не само што не ги почитува колективните права на Албанците, туку ги исклучува и од економскиот развој на земјата. Фактите се шокантни: 250 милиони евра државно субвенционирани кредити се распределени за македонски компании, додека албанските компании добиле речиси НУЛА.

Ова не е само тешка економска дискриминација, туку и директен удар врз илјадници албански семејства кои ја обезбедуваат својата егзистенција работејќи во овие исклучени компании, стои во соопштението од ДУИ од прес-конференција на потпретседателот на партијата Арбер Адеми, што МИА го објавува интегрално.

Овие средства, првично претставени како „кинески пари“, а потоа како „унгарски кредити“, беа наводно наменети за „домашни компании“. Но денес е јасно дека речиси ниту една албанска компанија не е вклучена. Додека Албанците плаќаат даноци во државниот буџет, тие истите се исклучени од државните бенефиции. Ова е чиста, организирана и намерна дискриминација.

Скандалот уште повеќе се продлабочува кога Банката за развој на Северна Македонија, која го менаџираше овој процес, ги крие имињата на компаниите корисници правдајќи се со „банкарска тајна“. Но овие се јавни пари – парите на граѓаните – и транспарентноста не е луксуз, туку законска обврска. Самата Државна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) јавно побара итна транспарентност на листата на компаниите корисници.

Ова не е само неправда кон албанските бизниси, туку и кон нивните работници, родители и семејства кои живеат од тие плати. Секоја исклучена компанија значи десетици и стотици оштетени албански семејства, на кои им се ускратува правото да имаат корист од ресурсите што самите ги финансираат преку даноци.

Национална Алијанса за Интеграција итно бара:
• Објавување без одложување на целосната листа на компаниите корисници.
• Праведно и пропорционално учество на албанските компании во секој јавен фонд за економски развој.
• Непосреден прекин на дискриминаторските практики кои штетат не само на Албанците, туку и на стабилноста и праведниот развој на Северна Македонија.

Истовремено, бараме одговор и јавна одговорност од Првиот заменик претседател на Владата Изет Меџити и од Министерот за економија Бесар Дурмииши: каде завршија овие пари? Дали оваа економска дискриминација е дел од поширок заговор за поддршка на македонската олигархија која работи на дефакторизација на Албанците?

Албанците нема да дозволат нивните пари, платени како даноци кон државата, да се користат за зајакнување само на компаниите на една етничка заедница, додека тие самите и нивните семејства остануваат исклучени. Овој срам не може да се прикрие со „банкарски тајни“ и пропагандни измами.

 

Адеми ДУИ локални Промоција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.