Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адеми: Свидетелствата се бесплатни, тие што наплаќаат да се пријават во ДПИ

0
By Нова ТВ on June 18, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: telegrafi.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Учениците и граѓаните да пријават во Државниот просветен иснпекторат (ДПИ) ако училиштата од нив побараат да платат за свидетелствата за завршена учебна година, порача министерот за образование, Арбер Адеми по укажувањата за такви случаи за кои има и претставка до Народниот правобраните.

„Остро го осудувам секое вакво дело кое ги задолжува учениците да плаќаат за нешто за што воопшто немаат обврска. Свидетелствата ги обезбедуваме бесплатно и ги охрабрувам сите граѓани и ученици да пријават до ДПИ, а Инспекторатот нив да ги санкционира за кршење на законите“, рече Адеми.

Во врска со постапката за избор на ректор на Скопскиот универзитет, рече дека не ги знае сите детали од процесот и дека тој е внатрешен за секој универзитет, а дека МОН ги креира образовните политики.

„Универзитетите имаат целосна автоноимија и автономно ја спроведуваат постапката. Очекувам дека сè се одвива како што треба и за тоа сме заинтересирани како надлежна институција за образование. Во новиот Закон за високо образование се демократизира целиот процес за избор на тела и за мандати“, рече министерот.

Во однос на реакцијата на кандидатот за ректор, Петар Атанасов, кој беше елиминиран од конкурсот, Адеми одговори дека МОН не е надлежен за оперативни активности и дека до ДПИ се поднесуваат претставки за какво било прашање поврзано со образованието. За реакцијата на приватните високообразовни установи за дискриминација на нивните студенти за кои не важат ваучерите што ги доделува Владата,  Адеми одговори дека се согласува дека сите студенти треба да имаат исти услови, но дека такви се можностите. Уредбите се на Владата, рече Адеми, а и порано имало случаи кога некои мерки важеле за една категорија студенти, а за други не.

„За жал, мерката е таква каква што е. Јас би сакал да се вклучат сите студенти во земјата, без разлика на која високообразовна институција студираат – јавни или приватни или јавно-приватни, како што е, на пример, Универзитетот на Југоисточна Европа, кој со право го покрена ова прашање. Но, треба да ги имаме предвид и финансиските можности за да можеме да обезбедиме средства за сите студенти, независно каде студираат“, рече ресорниот министер.

Адеми кажа и дека за време на летото ќе се подготвуваат за новата 2020/2021 учебна година и за какво било сценарио, иако очекува дека од 1 септември наставата ќе биде во нормални услови и учениците ќе се вратат во училишните клупи. Ќе има обуки на наставници и ќе се подобрува инфраструктурата за поуспешна онлајн-настава ако условите го наложат тоа. Формирана е широка работна група со меѓунаропдни претставници и, како што рече, на маса се различни предлози, а кои од нив ќе бидат активирани ќе зависи од околностите. 

Арбр Адеми ДПИ МОН Наплата пријава Свидетелства
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.