Пресудата од три години затвор и исто толку години забрана за управување со моторно возило во сообраќајка со смртни последици за адвокатот на семејството Николови, чија ќерка загина кај Сити мол е исто како да е ослободителна. Одбраната  најави жалба и порача дека не смее да се повтори таква ниска казна да биде изречена за кривично дело во кое настрада младата Викторија Николова од Радовиш.

„На 20 јануари трепкаше жолто, а судот денеска дозволи со зелено светло, да помине неказнето, несериозна е казната од три години, ќе ја обжалиме станавме жртви на сообраќајно насилство“, изјави адвокатот кој изрази надеж дека Апелацискиот суд сериозно ќе ја разгледа и ќе ја прифати. (С.М.)