Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АЕК со 1,3 млн. евра ќе го финансира аква паркот во Карпош

0
By Нова ТВ on May 15, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 15, 2013 22:46

Агенцијата за електронски комуникации побара од Собранието на РМ да дозволи измени во годишниот финансиски план за годинава, при што од средствата кои на АЕК ѝ се останати од лани во износ од 9,17 милиони евра, сума од 1,3 милиони евра би биле дадени за изградба на аква паркот во Карпош во комплексот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Според Законот за електронски комуникации, нереализираните средства Агенцијата треба да ги пренесе во годишниот план за следната година и тие можат да се користат за „развој на електронските комуникации и информатичкото општество, но и за други работи од значење на Република Македонија…“.

АЕК ЌЕ ПЛАТИ ЗА АКВА ПАРК…

Инаку, договорот за аква паркот во Карпош СП „Борис Трајковски“ го чини вкупно 4,5 милиони евра и е склучен со три фирми: турската „Полин“, која ќе ги достави тобоганите и други елементи и ќе наплати 1,95 милиони евгра, „Жикол“ од Струмица, која ќе ги врши градежните работи и ќе наплати 1,99 милиони евра и „Електро-унион“ од Скопје која ќе ги спроведе електричните инсталации и ќе наплати 527 илјади евра.

Ова значи дека од вкупната сума од 4,5 милиони евра, колку што се потребни за аква паркот, 29 отсто ќе покрие АЕК. Владата уште во октомври преклани има одлучено Агенцијата да учествува во финансирањето на проектот, а конечен заклучок за ова има донесено септември лани. СП „Борис Трајковски“, пак, од АЕК има побарано 1,46 милиони евра во февруари годинава, но се чини, ќе мора да се задоволи со 1,3 милиони.

Инаку, од вкупниот вишок средства од 9,17 милиони евра, колку што на АЕК ѝ останале од лани и кои ќе бидат пренесени годинава, најголем дел ќе бидат потрошени за дигитализацијата. АЕК за оваа намена ќе даде 3,17 милиони евра на ЈП „Македонска Радиодифузија“, а 3 милиони евра ЈП „Македонска радиотелевизија“.

Ваквата политика значи дека кога станува збор за дигитализцијата, сите државни институции ќе добијат пари за оваа намена, освен граѓаните, кои самите од свој џеб ќе мора да купат сет-топ боксови по цена од 990 денари, ако воопшто сакаат да гледаат било каква телевизија од 1 јуни. Од друга страна, пак, без оглед дали имаат пари или не за оваа опрема или дали воопшто можат да ги гледаат програмите на МРТВ, ним сметките за ТВ претплата редовно ќе им пристигнуваат.

… НО, НЕ И ЗА СЕТ ТОП БОКСОВИ ЗА ПОСИРОМАШНИТЕ

Сегментот на популацијата, кој ќе треба да плати за сет топ боксовите, е еден до најранливите во земјата, покрај социјалните случаи кои ќе добијат 40.000 сет топ боксови од државата. Но, тоа ни оддалеку не е доволно.

Во Македонија, на 576 илјади посебни домаќинства има само 278 илјади претплатници на комерцијални ТВ пакети (кабловски, терестријални – како БумТВ на ОНЕ, или интернет протокол ТВ – како Макс ТВ на Телеком) на кои не им треба дополнителна опрема за телевизија. Од оваа бројка од 278 илјади претплатници, барем 10 отсто се компании, кафеани, кладилници, хотелски соби и слично, што значи дека има само околу 250 илјади домаќинства кои се претплатници. Се смета дека има и неколку десетини илјади претплатници на албанските ТВ пакети Тринг и Дигитал, како и неколку илјади пиратски Дримбокс претплатници и уште толку домаќинства, кои имаат понови телевизори со вграден дигитален приемник, но кои не се претплатени на комерцијални ТВ пакети. На сите овие домаќинства нема да им треба нов сет топ бокс за да можат да гледаат телевизија.

Кога сѐ ќе се собере и одземе, испаѓа дека околу 170 до 220 илјади домаќинства ќе треба да купат опрема од 990 денари секое ако сакаат да гледаат било каква телевизија. Со оглед на фактот што овие домаќинства не се претплатени ни на најевтиниот комерцијален ТВ пакет од 450 денари месечно, јасно е дека станува збор за ранлива и посиромашна социјална група, која врз својот грб ќе треба да го понесе товарот на дигитализацијата.

За нив АЕК и Владата немаат пари. Пари има само за државните институции како МРТВ, која од претплата заработува барем 15, ако не и 20 милиони евра годишно и за аква паркови во една од најбогатите скопски општини каков што е Карпош.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.