Published: Wednesday, August 31, 2016 12:59
Аеродромот во Франкфурт утрово е евакуиран поради закана од бомба, откако патник почнал да бега по контролата за експлозиви.
Два дела од Терминалот 1 на германскиот аеродром биле затворени, а полицијата соопшти дека била уапсена една жена.
Според аероромската безбедносна служба таа избегала од контролата кога требало да мине низ безбедносниот скенер за експлозив.
По проверките, утврдено е дека немало никаков експлозив, изјави портпаролот на поицијата. Аеродромот за кусо време повторно функционира нормално.
Сепак до 14 часот суспендирани се сите слетувања на овој аеродром.
Полицијата засега нема информација дали овој инцидент е планиран или случаен. Жената се наоѓа на испрашување во полиција.




