Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Афера „Лифтови: Битолска фирма го добила тендерот и во Станбеното претпријатие, договорот е во мирување

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 17, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор склучило договор со битолската компанија за сервисирање лифтови за која вчера Антикорупциската комисија изнесе наводи дека наводно „непостоечка фирма со фалсификувани документи и фалсификувани сертификати,“ е вмешана во „голема измама со тендери за поправка на лифтови во државни институции“.

Наспроти наводите на антикорупционерите кои отворија многу прашања на кои се очекува да одговори истрагата првиот човек на станбеното претпријатие Кристијан Трајковски за Нова вели дека при јавната набака не биле утврдени никакви неправилности, но сепак додека не добијат било каква официјална информација или пак известување во врска со случајот од страна на надлежен орган, нема да почне реализацијата на договореното.

– Акционерското друштво има склучено договор за тековно одржување и сервисирање на лифтови и лифтовски постројки со економскиот оператор Друштво за сервис, ремонт и монтажа на лифтови и трговија на големо и мало и увоз–извоз СЕРВИС ДАКА, Попоски Трајан Битола ДООЕЛ, по претходно спроведена постапка со оглас за јавна набавка. При самата евалуација на понудата и документите, не се утврдени никакви неправилности во доставените документи и докази за утврдување на способноста, согласно критериумите наведени во тендерската документација, па согласно тоа, понудата на економскиот оператор била оценета како прифатлива и истиот бил поканет да учествува на електронска аукција со уште други двајца понудувачи, изјави генералниот директор Кристијан Трајковски за Нова ТВ.

Тој вели дека од вкупно четири пристигнати понуди, поради најниската понудена цена постигната на електронската аукција, а согласно критериумот за избор–најниска цена, истиот понудувач бил избран како најповолен.

На прашање на Нова дали има информација од органите на прогонот дека се води истрага за битолска компанија за сервисирање лифтови, Трајковски вели дека ационерското друштво се уште нема добиено никакво официјално известување од ниту еден државен орган.

– Во моментов, Акционерското друштво нема отпочнато со ниту една активност по однос на било каква реализација на предметниот договор за јавна набавка, така што додека не добиеме било каква официјална информација, или пак известување во врска со случајот од страна на надлежен орган, нема да отпочнеме со реализација на услугите предвидени во договорот со споменатиот економски оператор, вели Трајковски, генерален директор на АД за изградба и стопанисување со станбен простор.

Државната комисија за спречување на корупцијата вчера обзнани дека непостоечка фирма со фалсификувани документи, фалсификувани ИСО сертификати, потписи, конкурирала и во периодот од 2018 до 2022 година добила најверојатно околу 90 тендери за монтажа и сервисирање лифтови, главно од јавни институции, кои давале буџетски средства.

Овие скандалозни наводи го отворија прашањето како е можно некој да добива тендери и да наплатува услуги со народни пари во текот на речиси четири години и никој тоа да не го забележи, а камоли да го санкционира.

Антикорупциска објави дека случајот бил откриен кога Градската општа болница објавила тендер, а Комисијата за јавни набавки во болницата ја проверила валидноста на ИСО сертификатите кај самиот издавач на сертификатите – фирма од Хрватска, од каде добиле одговор дека сертификатите се фалсификувани. Комисијата не ја прифатила понудата од наведената фирма, а таа вложила жалба до државната комисија за жалби по јавни набавки, од каде била одбиена како неоснована.

Според Софка Пејовска Дојчиновска, член на Антикорупциската комисија, станува збор за класичен криминал и доколку инволвираните дејствувале подолг временски период ќе се открие дека тие работеле не само кај јавни инситуции, туку сигурно и во станбени згради.

– Замислете која е опасноста, со лажни сертификати за лифтови, животи се во прашање, предупреди Дојчиновска.

Антикорупционерите вчера не го обелоденија името на засегнатата компанија и побараа брза истрага од МВР и од Обвинителството за организиран криминал, но сепак неофицијално се дозна подоцна дека наводно станува збор за битолска компанија која се сертифицирала во фирма, која пак ги сторила злоупотребите со лажните сертификати. Нова ТВ во телефонски разговор со претставник од компанијата побара одговори на неколку прашања, за кои бевме упатени да ги доставиме и писмено, со најава дека ќе ги добиеме сите одговори, но до објавување на написот, немавме повратна информација од компанијата.

Сепак, сопственикот на битолската компанија се огласи за порталот Независен со тврдење дека во јавноста антикорупционерите ја претставиле компанијата  како сторител на кривично дело, наместо да  ја заштитат како жртва на измама. Тој дури и обелодени дека токму компанијата „Сервис Дака“ од Битола која, како што изјави, опстојувала цели 30 години во бизнисот со лифтови, како општествено одговорна компанија и го пријавила случајот со фалсификуваните ИСО сертификати.

Фирмата „Сервис Дака има свои подружници низ повеќе градови во земјава и досега не се забележани какви било инциденти.

Стојанка Митреска

 

 

 

 

битолкса компанија лифтови станбено претпријатие
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.