Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аферата „Пандора“ допре до „капиталците“ од светскиот политички и бизнис џет-сет

0
By Mirjana on October 4, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
The Guardian
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 4, 2021 13:11

Повеќе десетици сегашни и поранешни државници и моќни милијардери поврзани се со компании кои ги користат даночните оази, откри новинарското истражување наречено Пандорини документи.

Меѓу познатите личности чии финансиски конструкции се разоткриени, се наоѓа и поранешниот британски премиер Тони Блер , јорданскиот крал и кенискиот претседател Ухур Кенијата, јавува Дојче Веле.

Банковните сметки на офшор компаниите најчесто се користени, за тајно да се преместуваат огромни суми на пари и да се прикрива вистинскиот имот. Во истражувањето на Меѓународниот конзорциум на новинари (ИЦИЈ) и 150 медиуми ширум светот , откриено е дека 330 јавни личности ширум светот се поврзани со офшор сметки.

Меѓу нив се министрите  за финансии на Пакистан, Холандија и на Бразил , како и поранешните министри за финансии на Малта и Франција вклучително и на поранешниот шеф на ММФ Доминик Штрос Кан.

Пандорините документи , доаѓаат пет години  по т.н. Панамски документи , поради кои „паднаа“ најмалку 5 политичари. По ова се покренати полициски рации ширум светот и ги натера политичарите да размислат за воведување глобални даночни стапки , потсетува DW.

Овој пат на (ИЦИЈ) му дојдоа во посед 11, 9 милиони доверливи документи од 14 агенции кои се занимаваат со покренување на офшор фирми . Во двегодишното истражување учествуваа повеќе од 600 новинари од 150 светски медиуми.

Пандорините документи сега откриваат дека поранешниот британски премиер Тони Блер и сопругата дошле до вредна зграда од 7,6 милиони евра , на тој начин што купиле офшор фирма која тргува со недвижности и тоа од семејството на бахреинскиот министер за трговија, Заед бин Рашид Зајанија.

Така што семејството Блер избегнало да плати данок на имот од околу 350.000 евра. Блерови и ал Зајаниеви, тврдат дека немале појма дека овие другиве се вмешани во дил, Чери Блер , сопругата на поранешниот Британски премиер , тврди дека нејзиниот маж не бил вклучен во трансакција и дека фирмата денеска не постои.

Во документите кои„ протекоа“ до новинарите,се споменува и чешкиот премиер Андреј Бабиш , милијардер кој на изборите во 2017 година ,едвај некако стигна до изборната победа , ветувајќи борба против корупцијата . Бабиш во 2009 година вбризга околу 19 милиони евра во една нафтена компанија со цел да купи вил асо два базена и кино на француската ривиера во близина на Кан.

Како што известиле чешките новинари Бабиш никогаш официјално не пријавил дека има удели во нафтена компанија ниту пак дека има таа вила.Тој одбил да зборува на прашањата на новинарите . Украинскиот претседател Володимир Зеленски имал удели впо нафтената компанија регистрирана на Британските девствени острови.

Само еден месец пред да биде избран во април 2019 за претседател , Зеленски инаку поранешен комедијант  и глумец, „тивко“ го продал својот дел од фирмата на Сергеј Шефир. Тие двајца се инаку блиски пријатели и бизнис партнери. Документите од јуни 2019 покажуваат дека Шефир ги задржал уделите во компанијата наречена Малтекс поради што и се приклучил кон администрацијата на Зеленски.

Кенискиот претседател Кенијата, кој е претставник на најпознатата политичка династија во земјата , исто така во јавноста се залагал за борба против корупцијата и за транспарентност во политиката. Но, Пандорините документи сега покажуваат дека Кенијата и неговата мајка се запишани како сопственици на една фондација во Панама, кој е познат даночен рај.

Пандорините документи ги откриваат вистинските сопственици во 29.000 офшор компании. Некои од нив се користат да се скријат банкарските сметки , приватните авиони, јахти, вили или дела од познати уметници како Пикасо, Бенкс..

Јорданскиот крал Абдула втори, откриваат документите, купил три вили на плажата во Малибу, прочуеното калифорниско одморалиште за познатите милионери , кои го чинеле близу 60 милиони евра. Кралот купил недвижности насред „Арапската пролет“ кога јорданците ги преплавија улиците , протестирајќи против владејачката династија, корупција и незапосленост.

Документите ја разоткриваат и мароканската принцеза Лала Хасн , како сопственичка на нафтена компанија која купи куќа од 10 милиони евра во најдобриот дел од Лондон. Колумбиската пејачка Шакира и поранешната индиска ѕвезда Сачин Тендулкар се некои од имињата од шоу-бизнисот и спортот кои се споменуваат во Пандорините документи. Адвокатот на Шакира рече дека нејзините офшор банковни сметки биле познати и дека не и донесувале никакви даночни предности.

Во документите може да се пронајде таен имот од 130 милијардери , меѓу кои се оние од САД , Русија, Индија, Мексико или Турција. На пример турскиот тајкун Ерман Иличак. На име на неговата мајка од 2014 се воделе две офшор компании на кој бил препишан имотот на неговиот градежен конгломерат.

Само во првата година од работата тука ,,поминале“ околу 90 милиони евра само од дивиденди. Фирмата на Иличак ја градела претседателската палата за претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, зграда со 1. 150 соби.

Поседувањето фирми во земјите во кои практично не се плаќа данок само по себе не е илегално , но наидува на критика бидејќи овозможува затајување на данок. Според некои проценки на стручњаците , 10 проценти од светскиот БДП, се чува во даночните раеви. Иако изразот даночен рај асоцира на некои карипски локации , офшор компании никнуваат во голем број земји под називот „ даночен рај“ како Холандија, Сингапур, САД..

афера даночно затајување Пандора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.