Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Африка ја запира преработката на какао

0
By Marija Todorovska on March 15, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 15, 2024 11:15

Водечките преработувачи на какао во Брегот на Слоновата Коска и Гана ја прекинаа работата бидејќи не можат да си дозволат какао, предупредуваат трговците, а проценките на производителите се дека овогодишниот род би можел да биде послаб за повеќе од 10 отсто.

Светските цени на какаото пораснаа и на почетокот на февруари достигнаа рекордни 5.874 долари за тон на суровинскиот пазар во Њујорк, јави Би-Би-Си.

Тоа значи дека тие биле речиси двојно повеќе од пред една година. Какаото поскапе поради лошиот род во Западна Африка. Под влијание на временскиот феномен Ел Нињо, врнежите се намалија во Гана и Брегот на Слоновата Коска, два од најголемите светски производители кои произведуваат речиси 60 отсто од какаото во светот.

Во насадите има суша. „Побарувачката мора нагло да ослабне за фати чекор со пропаѓањето на понудата“, објаснува глобалниот експерт за какао на Тропикал Рирч Сервисес (Tropical Research Services), Стив Вотериџ. Производителите на чоколадо не можат да направат чоколада од сирово зрно какао и се потпираат на преработувачите кои ги претвораат зрната во путер и ликер.

Сепак, преработувачите велат дека какаото им е прескапо. Државниот преработувач на Брегот на Слоновата Коска, Transcao, соопшти дека повеќе не купува какао поради високата цена. Сè уште ни снемува залиха, додаваат тие, без да дадат бројки. Два индустриски извори, кои побараа да не бидат именувани, рекоа дека погонот речиси целосно запрел.

Еден од двата извори рече дека повеќе големи државни погони во Брегот на Слоновата Коска, кој произведува речиси половина од какаото во светот, наскоро би можеле да бидат затворени. Според изворот, дури и глобалниот трговец Каргил има проблеми да купи зрна какао за големиот погон за преработка во Брегот на Слоновата Коска, кој беше затворен една недела во февруари.

Каргил не ја коментираше информацијата. Во Гана, вториот по големина светски производител на какао, повеќето од неговите осум фабрики, вклучително и онаа на државната компанија за преработка ЦПЦ, повеќе пати ја прекинуваа работата на повеќе недели од почетокот на сезоната во октомври, рекоа два извори од секторот.

ЦПЦ соопшти дека поради недостиг на зрна какао работи со капацитeт од околу 20 отсто. Меѓународната организација за какао (ICCO) очекува глобалното производство да падне за 10,9 отсто оваа сезона, на 4,45 милиони метрички тони.

Африка Брегот на Слоновата Коска Гана зрна какао какао
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.