Фудбалската репрезентација на Камерун со победа ја почна одбраната на титулата на Африканскиот Куп на нации. Шампионот од Габон во 2017 година, во премиерниот настап на турнирот во Египет ја совлада Гвинеја Бисау со 2:0 за заокружување на првото коло од групната фаза.
Играч на натпреварот беше Јаја Банана. Членот на Олимпијакос, кој дел од минатата сезона ја мина на позајмица во Паниониос, во 66. минута погоди за 1:0, а во 69. минута му асистира на Стефане Бахокен за 2:0 на големо задоволство на навивачите, но и на селекторот Кларенс Сидорф.
Африкански Куп на нации 2019
Група А, 1 коло
Египет – Зимбабве 1:0
Конго – Уганда 0:2
Група Б, 1 коло
Нигерија – Бурунди 1:0
Гвинеја – Мадагаскар 2:2
Група Ц, 1 коло
Алжир – Кенија 2:0
Сенегал – Танзанија 2:0
Група Д, 1 коло
Мароко – Намибија 1:0
Брегот на Слоновата Коска – Јужна Африка 1:0
Група Е, 1 коло
Мали – Мавританија 4:1
Тунис – Ангола 1:1
Група Ф, 1 коло
Камерун – Гвинеја Бисау 2:0
Гана – Бенин 2:2