Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агенција за супервизија на осигурување (АСО): Над 180.000 граѓани вложиле во приватно здравствено осигурување

0
By Mirjana on March 4, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: romania-insider.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 4, 2022 10:51

Повеќе од 23.000 осигуреници лани искористиле приватно здравствено осигурување за покривање  трошоци од прегледи, интервенции, лекување и други медицински услуги. Девет осигурителни компании исплатиле 3,4 милиони евра за  медицински трошоци покриени со приватно здравствено осигурување, информираат од Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). 

 Бројот на граѓани кои имаат приватно здравствено осигурување лани се зголемил за 60 отсто и надмина 182.000 осигурени лица. Приватното здравствено осигурување останува најбрзо растечки осигурителен производ од појавата на здравствената пандемија до сега. Лани се склучени повеќе од 18.000 договори за приватно здравствено осигурување со што бројот на активни договори за оваа осигурителна класа надмина 62.000, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Во приватно здравствено осигурување вложуваат граѓани лично, но и компании кои плаќаат осигурување за нивните вработени да можат да користат спектар од медицински услуги на приватните болници во земјава.

Оваа осигурителна класа овозможува осигурителните компании да покриваат трошоци за прегледи, третмани, интервенции и различни медицински услуги кои ги нудат приватните болници во земјава. За покривање на такви трошоци во приватното здравство 10 осигурителни компании за неживотно осигурување лани од осигуреници наплатиле вкупно 405 милиони денари (6,6 мил.евра). Минатата година вложувањата во приватно здравствено осигурување пораснале за 48 отсто (2,1 мил.евра) во споредба со 2020 година.

Осигурителните компании лани исплатиле над 23.000 штети т.е. барања за покривање на трошоци на осигурени граѓани за медицински услуги покриени со приватното здравствено осигурување. Бројот на барања за покривање на трошоци покриени со приватно здравствено осигурување лани е удвоен во споредба со 2020 година. Девет осигурителни компании за неживотно осигурување лани исплатиле над 211 милиони денари (3,4 мил.евра) трошоци за медицински услуги покриени со полисите за приватно здравствено осигурување. Износот на исплатени средства за покривање медицински трошоци лани е удвоен во однос на 2020 година.

Девет компании за осигурување неживот лани исплаќале штети за здравствено осигурување и тие се: „Кроација осигурување – неживот“, „Триглав Осигурување“, „Еуролинк“, „Еуроинс осигурување“, АДОР „Македонија осигурување ВИГ“, „Сава осигурување“, „Уника“ „Халк Осигурување“ и „Винер ВИГ“ . Најголемата исплатена штета за активирано здравствено осигурување, поединечно по компанија,  се движи во распон од 277.000 денари до 615.000 денари (од 4.500 евра до 10.000 евра).

Приватното здравствено осигурување е осигурителен производ што нуди поквалитетна здравствена заштита за осигуреникот затоа што овозможува прегледи, лекувања, интервенции и други здравствени услуги во приватно здравство.

Дополнително оваа осигурителна класа индиректно го намалува притисокот и врз јавните здравствени установи така што овие осигуреници имаат покритие да користат услуги од приватните болници. При тоа медицинските услуги се финансираат од осигурителните компании, а не од државниот буџет.

здравствено осигурување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.