Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агенцијата за филм на Берлинале, за прв пат со штанд на европскиот филмски маркет

0
By Ана Василевска on February 16, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 16, 2024 13:17

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија ќе биде присутна со свој штанд на Европскиот филмски маркет, кој се одржува од 15 до 21 февруари во рамки на еден од најеминентните фестивали* во светот – Интернационалниот филмски фестивал во Берлин.

Ова е од огромно значење за македонската кинематографија, имајќи предвид дека во последните 15 години се прават напори Северна Македонија да обезбеди свој промотивен простор во рамки на маркетот во Берлин, каде присуствуваат голем број продуценти, дистрибутери, финансиери и фестивалски организатори од целиот свет.

Македонскиот штанд ќе биде позициониран на централна локација, во Музејот „Мартин Гропиус Бау“ каде што традиционално се одржуваат активностите во рамки на индустрискиот дел на Берлинскиот филмски фестивал и ќе биде место каде што македонската делегација од Агенцијата за филм ќе ги претстави најновите случувања во нашата кинематографија и ќе остварува средби за идни копродукциски соработки. За оваа цел е подготвен обемен каталог и промотивен материјал.

Агенцијата за филм секоја година е присутна на маркетот со различни активности за промоција на македонски филмови. Така, во 2024 година Агенцијата за филм закупи и проекција на маркетот за филмот „Убиј ги прво децата“ во режија на Димитар Оровчанец. Со овие проекции филмовите добиваат можност да се претстават пред 2.000 професионалци од 110 земји во светот и да бидат откупени или селектирани на некои од филмските фестивали.

Присуството на нашата кинематографија на Европскиот филмски маркет, еден од најважните случувања во светот на филмската индустрија, е од големо значење бидејќи потврдува дека се вложува во авторите и во филмската индустрија и се олеснува соработката и промоцијата на филмските професионалци на глобалната филмска сцена.

Покрај промотивниот штанд, Агенцијата за филм ќе биде присутна и на интернет платформата на маркетот, каде што сите оние кои не се во можност да присуствуваат на физичкото издание на маркетот ќе можат да ги проследат содржините во виртуелен формат.

*Големата петорка (Венециски филмски фестивал, Кански филмски фестивал, Интернационалниот филмски фестивал во Берлин, Филмскиот фестивал во Торонто и Санденс)

Агенција за филм на РСМ Берлински филмски фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.