НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агим Исмаиловиќ: Косовската полиција знае каде е брат ми Африм

1
By Нова ТВ on May 16, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако беше прочитано обвинението за случајот „Монструм“, рочиштето продолжи со давање искази на тројца од петмината обвинети. Третообвинетиот Агим Исмаиловиќ даваше контроверзни одговори за тоа што правел на денот на убиството. Прво рече дека бил на работа во интернет-кафе, потоа дека извршувал верски обреди или дека можеби бил и дома.

По неговите различни одговори за тоа каде се наоѓал на денот на петкратното убиство, Фетаи посочи и дека во претходната судска постапка, освен овие три одговори кажал дека местел канализација. Каде и со кого и колку дена работел и поставувал канализација, Агим Исмаиловиќ на денешното рочиште не знаеше точно да одговори пред судот. Агим е брат на второобвинетиот Африм Исмаиловиќ кој заедно со првообвинетиот Алил Демири е во бегство.

На прашањето, каде е брат му Африм, тој рече дека се наоѓа во Приштина во Косово и косовската полиција ја знае неговата адреса. Кажа дека се слушнале со него откако во декември лани беше укината пресудата и тие беа пуштени на слобода. На ова реагираше одбраната, зошто обвинителката поставува прашања за обвинети лица за кои има потерница и кои ги бара македонската полција.

-Контактирам, мојот брат живее и работи во Приштина, адресата не ја знам, ја знае косовската полиција, прашајте ја неа, рече Исмаиловиќ.

Во текот на распитот, Агим Исмаиловиќ се колнеше дека не го извршил убиството.

-Јас се колнам дека не сум го направил тоа и не сум виновен, рече Исмаиловиќ.

Фетаи го прашуваше и дали бил малтретиран кога бил приведен првиот, на што тој одговори дека специјалните полициски единици го тепале за да признае дека тој е сторителот, но тоа ниту им го кажал, ниту пак тогашниот истражен судија и надлежната обвинителка го прашале.

По паузата, судењето продолжува со сослушување на останатите обвинети Хаки Азири, Фејзи Азири и Сами Љута.

Во судницата се присутни обвинетите Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Фејзи Азири и Сами Љута, како и роднини на убиените деца. На рочиштето не се присутни прво и второобвинетиот Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се недостапни за судот.

„Монструм“ е вратен на повторно судење, откако СЈО го презеде, а Врховниот суд претходно ги укина пресудите на првостепениот и второстепениот суд.

 

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници

Агим Исмаиловиќ Монструм судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.