Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад беше нападнат со чевел од страна на еден Сириец, што во арапската култура се смета за едно од најтешките омаловажувања на една личност.

Агенцијата Анадолија пренесува дека Сириецот, обидувајќи се да го погоди Ахмединеџад, извикал: „Ги убивте нашите браќа“.

Аџмадинеџад е првиот претседател на Иран кој го посетил Египет по повеќе од 30 години, кога односите беа прекинати откако Египет постигна мировен договор со Израел.

Тој заедно со претставници на повеќе од 50 други држави присуствуваат на самитот на Организацијата на исламската соработка во Каиро.

Посетата на Ахмадинеџад се совпаѓа со протестите од страна на демонстрантите кои се против поддршката на Иран за сириската влада.