Претседателот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со амбасадорите на САД, Џес Бејли, и на ЕУ, Аиво Орав, го повторил ставот и побарал Претседателот Иванов целосно да ја повлече одлуката за помилување без никакво одлагање.
На средбата која што се одржала во американската амбасада, Ахмети со двајцата амбасадори, разговарале за актуелната ситуација во земјата, политичката криза и начинот за надминување на состојбата.
Лидерот на ДУИ ја истакнал непосредната потреба Државната Изборна Комисија да ја заврши својата работа со прецизност, во согласност со закон и без взаемна опструкција.