Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети: Платформата е напишана во Скопје и не ја загрозува унитарноста

1
By Нова ТВ on March 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 2, 2017 10:39

Али Ахмети испрати порака преку Фејсбук по вчерашното одбивање на Ѓорге Иванов да го даде мандатот за составување нова влада.

“Уште пред изборите минатата година, ги поканив албанските опозициски партии да се соединат со цел Албанците да не изгубат од големата поделба на гласовите, но ова не се случи и албанците изгубија 9 мандати на пратеници во Собранието на РМ.

„Потоа, како победник на изборите и како лидер на најголемата албанска партија, ги поканив албанските парламентарни партии на заеднички состанок во Скопје за координирање на нашата агенда за заокружување на Охридскиот Договор и постигнување на еднаквоста. На оваа средба во Скопје, ги усогласивме ставовите во врска со очекувањата на Албанците и во секоја јавна изјава сум истакнал дека заедничката изјава на албанските парламентарни партии во Македонија е усогласена и напишана во Скопје и е врз основа на изборните програми  на сите албански кандидати на изборите на 11-ти декември.

Ова изјава на ниту еден начин или форма не ја нарушува државата, унитарниот карактер ниту пак станува збор за федерализација или поделба. Албанските партии не беа причина за системската криза во земјата и имајќи во предвид ова, ги повикувам албанските политички партии да се воздржат од претворање на системска и внатре-етничка криза во етнички судири меѓу двете најголеми етнички заедници на оваа земја. Исто така, ги повикувам македонските партии да се воздржат во нивното изразување на незадоволство од импликација на етничкиот елемент поради чувствителноста на нашето општество.

„Вас почитувани граѓани, ве повикувам да ја зачувате ладнокрвноста и да не дозволиме никој од нас да падне жртва на злонамерни сценарија кои потекнуваат од сомнителни адреси.  Ова е еден политички проблем и политичките партии како и институциите во земјата ќе го најдат најдоброто решение за граѓаните, но во меѓувреме, да веруваме на вистината а не на лагите“, напиша лидерот на ДУИ, Али Ахмети на својот Фејсбук профил.

Али Ахмети Платформа унитарност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.