Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АХВ ја повлече Релакс водата со канабис- била измама кон потрошувачите

0
By Менче Атанасова Точи on January 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата за храна ја повлече од рафтовите на маркетите „Горска релах“, водата на која пишува дека содржи канабис. АХВ му наложил на производителот да го отповика и повлече производот, како и да го тргне рекламирањето од фејсбук страната на Горска, каде што операторот го претставува и презентира производот како висококвалитетна функционална вода која содржи канабис, истакнувајќи медицински придобивки. Агенцијата овие мерки ги превземала врз основа на претставка од граѓанин.

„Агенцијата преку инспекциските служби му наложи на операторот да го отповика и повлече производот. Овој производ не добил никаков вид на одобрување од АХВ. Означувањето, презентирањето и претставувањето на производот не се усогласени со законските прописи и се сметаат за измамнички кон потрошувачите“, се вели во Известувањето по претставката.

НОВА на 6 декември минатата година објави дека вода за пиење која во својот состав има канабис од неодамна може да се види на полиците во еден ланец  на маркети. Водата се продава во фрижидерите и рафтовите заедно со другата вода на дофат и на деца, но може да се купи и он-лајн преку интернет. Се заинтересиравме да видиме колкав процент на канабис во себе содржи оваа вода која е наменета за релаксација и во колкава количина во својот состав има ЦБД, но такво објаснување немаше.

Во позадина на амбалажата со ситни букви покрај другите елементи од составот беше наведено дека содржи „мултифрут екстракт од семе од коноп“.  Никаде немаше назначено дали и во кој процент содржи ЦБД бидејќи само тоа е дозволено за употреба, кој го контролира составот и дали гарантираат дека во својот состав нема психоактивната супстанца ТХЦ, или траги од истата.

Тогаш од Агенцијата за храна и ветеринарство одговорија дека релакс водата со канабис не е одобрена од АХВ, бидејќи „Агенцијата немала  законска обврска за одобрување на овој вид производ“. Ова го објаснија со фактот дека оваа категорија на „освежителни“ производи не подлежи на посебна постапка за одобрување бидејќи компанијата веќе произведува вода за која има одобрение.

„Посочениот производ не е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) бидејќи Агенцијата нема  законска обврска за одобрување на овој вид производ. Не станува збор за енергетски пијалак  туку за производ  од групата на освежителни безалкохолни пијалаци – вода со арома. Производот содржи екстракт од семе од коноп кое не содржи опојна состојка. Тетра хидро канабиол (THC). Компанијата во АХВ е регистрирана како оператор кој полни природна минерална вода, која е одобрена од страна на Агенцијата“, се вели во одговорот од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од АХВ тогаш појаснија дека екстрактот од семе од канабис кој се наоѓа во водата според меѓународната класификација (не е објаснето на што се мисли, дали на регулативата на храната) не се наоѓа на листата за опојни дроги.  Од таму потврдија дека компанијата производител екстрактот го набавува од странство. Но, не знаат дали овој производ може да го користат деца со оглед на тоа што се наоѓа на рафтовите веднаш до другата флаширана вода.

Не е јасно, зошто Агенцијата за храна и ветеринарство во јавноста излезе со ваков одговор, а по претставка од граѓанин смета дека „производот не е усогласен со законските прописи и се смета за измамнички кон потрошувачите“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.