Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АХВ: Релакс водата со канабис не подлежи на одобрение

0
By Менче Атанасова Точи on December 7, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Релакс водата со канабис не е одобрена од Агенцијата за храна и ветеринарство бидејќи како што велат од таму, Агенцијата немала  законска обврска за одобрување на овој вид производ. Ова го објаснуваат со фактот дека оваа категорија на „освежителни“ производи не подлежи на посебна постапка за одобрување бидејќи компанијата веќе произведува вода за која има одобрение.

„Посочениот производ не е одобрен од Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) бидејќи Агенцијата нема  законска обврска за одобрување на овој вид производ. Не станува збор за енергетски пијалак  туку за производ  од групата на освежителни безалкохолни пијалаци – вода со арома. Производот содржи екстракт од семе од коноп кое не содржи опојна состојка Тетра хидро канабиол (THC). Компанијата во АХВ е регистрирана како оператор кој полни природна минерална вода, која е одобрена од страна на Агенцијата“, се вели во одговорот од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од АХВ велат дека екстрактот од семе од канабис кој се наоѓа во водата според меѓународната класификација (не е објаснето на што се мисли, дали на регулативата на храната) не се наоѓа на листата за опојни дроги.  Од таму велат дека компанијата производител екстрактот го набавува од странство. Но, не знаат дали овој производ може да го користат деца со оглед на тоа што се наоѓа на рафтовите веднаш до другата флаширана вода.

Компанијата досега не се изјаснила за овој производ кој прво започна  започна да се продава во еден ланец на маркети, а за кратко време го има речиси секаде, но може да се купи и со еден клик преку интернет.

На амбалажата со ситни букви покрај другите елементи од составот е наведено дека содржи „мултифрут екстракт од семе од коноп“. Никаде не е назначено дали и во кој процент содржи ЦБД бидејќи само тоа е дозволено за слободна употреба, кој го контролира составот и дали гарантираат дека во својот состав нема психоактивната супстанца ТХЦ, или траги од истата. Ова особено, што според експертите овие две супстанци при производството на екстракт тешко се одвојуваат една од друга.

За ЦБД се вели дека покрај при состојби на анксиозност, помага кај нервози, депресија, мускулни спазми, кај гадење и повраќање особено при хемотерапија кај болните од рак, ублажува  болка, а се применува и кај малигни заболувања, мултиплекс склероза, ХИВ и епилептични напади во детска возраст.

Во време кога во државата се појавија дури 37 фирми за производство на канабис и 20 чекаат дозволи за работа, кога се најавуваат и други производи со канабис(кафе, колачиња и слично) останува нејасно зошто ниту една институција сериозно не се зафати со регулирање на овој процес.

Објаснување мора да има и на амбалажата за потрошувачите да не бидат доведени во заблуда или бидат измамени, да се објасни детално што се содржи, во колкава количина може да се користи и дали можат да го пијат и деца. Вака, само се плива во матно, особено кога се обидуваме да го спроведеме европското законодавство во сите сфери, а особено во делот на исхраната пијалоците.

Компанијата која го произведува овој пијалок со канабис, минатата година доби грант од Фондот за иновации во висина од 296.000 евра за „Воведување на нов вид на производ во нова амбалажа, дизајн и етикета за вода со алое вера и ацерола“. Никаде не се спонуваше за овој тип на вода, со канабис.  Енергетскииот пијалок, односно вода со ацерола и алое вера заедно со пијалокот со канабис се продаваат по цена од 45 и 50 денари.

НОВА веќе објави дека вода за пиење која во својот состав има канабис од неодамна започна да се продава во еден ланец  на маркети. Водата се продава во фрижидерите и рафтовите заедно со другата вода на дофат и на деца, но може да се купи и он-лајн преку интернет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.