Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ајде Македонија“: Македонија се дави во отпад

0
By Нова ТВ on April 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 22, 2017 12:57

Македонија се наоѓа во очајна состојба во справувањето со отпадот и можностите кои постојат доколку поинаку се постапува со него, предупредуваат од Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, а по повод 22 Април – Денот на планетата Земја.

„Ситуацијата со управувањето со отпадот во Република Македонија се карактеризира пред сè како супстандардна и неефикасна, а системот е попречен од сериозни организациски и технички недостатоци. Тоа резултира со различни дисфункционални системи на национално и општинско ниво и негативни ефекти врз животната средина и здравјето на луѓето“, стои во соопштението на „Ајде Македонија“.

Оттаму велат дека околу 99 отсто од комуналниот отпад во Македонија се депонира, со што се пропушта можноста за зачувување на животната средина, отворање на нови работни места, поефтини суровини за индустријата и приходи за државата во облик на даноци.

„Затоа, ние бараме имплементирање на правилата кои веќе ги имаме утврдено во нашето законодавство, а тоа се стандардите наведени во Директивата за отпад. Тие се засновани на хиерархијата во управувањето со отпадот, односно да се работи на спречување на создавањето на отпадот, а доколку ова е невозможно, отпадот да се селектира, реупотреби, рециклира, компостира или да се добие биоенергија“, велат од Асоцијацијата.

Според „Ајде Македонија“ во земјава има 54 комунални депонии и стотици нелегални или „диви“ депонии, од кои 16 се со висок ризик по животната средина, потоа 16 со среден и 19 со низок ризик. Дополнително, во Македонија има 16 стари еколошки загадени индустриски локалитети кои претставуваат сериозен ризик за луѓето кои живеат во нивна близина.

Ајде Македонија депонии животна средина отпад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 19, 2026Updated:July 19, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

ВЕСТИ July 19, 2026

Иран соопшти дека рамковниот договор со Соединетите Американски Држави повеќе не важи, објави иранската агенција…

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

July 18, 2026

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.