Масимилијано Алегри доби академски член во соблекувалната на Јувентус. Џорџо Кјелини и официјално дипломира бизнис администрација на Универзитетот во Торино, документ што може да биде негов план Б во животот по завршување на фудбалската кариера.
Кјелини остана на клупата против Наполи во реванш полуфиналниот меч во Купот на Италија. Денешниот повод можеби, сепак, беше причина за поштеда кај менаџерот на „старата дама“ со цел дефанзивецот да задржи свежина и концентрација пред образовно финале.
Кјелини има завидна кариера во Јувентус. Трае долго, освои многу титули, а сега може да се пофали дека е факултетски образувана личност, статус што го немаат многу негови колеги во копачки.