Доколку епидемијата не биде ставена под контрола до средината на април, можни се несогледливи економски последици, се вели во извештајот на германската администрација, јавуваат гермаснките медиуми повикувајќи се на овој документ.
За да се избегне опасното сценарио кое се превидува во овој неофицијално објавен документ, Германија мора „да успее да го запре експоненцијалното ширење на вирусот и да ја намали стапката на инфекција под 1 отсто до Велигден“.
По велигденските празници, ригидните рестриктивни мерки би требало да се укинат и да се спречат нови инфекции со масовно тестирање и електронско следење на движењето на граѓаните преку мобилните апликации.
„Мора да се избегнат постојани ограничувања“, велат експертите кои стојат зад овој извештај.
Во извештајот се предупредува на повеќе од еден милион смртни случаи во Германија, ако експоненцијалниот раст на коронавирусот не биде ставен под контрола во април.




