Расистичките пораки на социјалните мрежи очигледно и се смачиле на Ања Решке, новинарка во германската телевизија НРД, уредник на внaтрешно-политичката редакција и на политичката емисија Панорама.
Така на 5 август таа одлучи отворено да каже што мисли за овие грди пораки кои, за жал, стануваат сé почести.
Ања Решке во две минути објаснува дека авторите на расистичките пораки против мигрантите повеќе не се кријат зад псевдоними и сосема отворено, под нивното име, го шират расизмот.
“Очигледно, тоа повеќе не е срамота. Ако напишете дека ова “ѓубре треба да се удави во морето”, ќе добиете многу “лајкови”. Се разбира, може да се каже дека има многу идиоти и дека тие треба да се игнорираат. Но, не се работи само за зборови. Има напади врз прифатлиштата за бегалци”, вели Решке додава дека ова не смее да продолжи.
“Оние кои проповедаат омраза мораат да разберат дека општеството нема да толерира вакви пораки. Доколку не го делите мислењето дека сите бегалци се паразити кои треба да се избркаат, да се запалат и да се пратат во гасни комори, тогаш тоа треба да го кажете на гласно и јасно”, вели Решке.
Германија е соочена со бран мигранти. Од јануари до август 300.000 барања за азил се поднесени во Германија. Во текот на целата 2014 година имало 200.000 барања за азил.
Истовремено, од почетокот на годината, насилството против мигрантите е во силен пораст. Помеѓу јануари и јуни имало 202 напади врз прифатилиштатта за бегалци.
Видеото со пораката на Решке беше објавено на Фејсбук страната на емисијата Панорама и во две минути доби 130.000 «лајк-ови» а 48 часа подоцна 5 милиони луѓе покажаа дека пораката им се допаднала.




