Актерот Петар Мирчевски е избран за годинешен селектор на програмата за претстојниот Интернационален фестивал на монодрама што во текот на април ќе се одржи во Битола.

– Горди сме што годинава Интернационалниоте фестивал на монодрама ќе се одржи по 15-ти пат и ветуваме богата, разновидна и квалитетна програма.

На фестивалот ќе бидат изведени домашни и претстави од странство за чиј избор ќе одлучува избраниот селектор, еминентниот битолски и македонски актер Петар Мирчевски, рече Борче Димитровски директорот на НУ Центар за култура-Битола.