Published: Thursday, April 16, 2015 10:02
Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги не е повреден по вчерашниот инцидент кога една жена му ја прекина прес-конференцијата и скокна на масата на која седеше банкарот.
Жената фрлаше хартии и ја извикуваше паролата: „Крај na диктатурата на Европската централна банка“
Драги беше видливо вознемирен, меѓутоа обезбедувањето на брзина ја отстрани жената од подиумот. Малку подоцна феминистичката група „Фемен“ ја презеде одговорноста за инцидентот преку социјалната мрежа Твитер, додека прес-конференцијата на првиот банкар на Европската централна банка продолжи без понатамошни проблеми.




