Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Активни пожари има и во кумановскиот и во прилепскиот регион

0
By Biljana on August 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 10, 2021 18:06

Пожарот во пехчевско-беровскиот регион е ставен под контрола. Уште гори и во кумановскиот и прилепскиот регион.

Во меѓувреме, локализиран е пожарот во селото Разловци во делчевскиот регион, но и оној кај селото Герман во Крива Паланка.

Како што информира помошник раководителка на секторот за операции и координација при ЦУК Марија Милкова, согласно состојбата со пожарите до 16 часот, пожарот во пехчевско беровскиот регион е ставен под контрола. На терен се екипи припадници на АРМ, ТПЕ, ДЗС и други субјекти, но и месното население кои се на лице место, за да не дојде до негово повторно разгорување и ќе останат и во текот на ноќта.

Таа додаде дека кракот од истиот пожар во селото Разловци во делчевскот регон е ставен целосно под контрола. Меѓутоа и на ова место уште се присутни екипите на ТПЕ, месно население и на Армијата кои исто така ќе останат и ќе ја следат состојбата се до утрешниот ден.

Пожарот во Сарај, кај селата Раовиќ и Буковиќ е се уште активен и во текот на денешниот ден, во повеќе наврати дејствуваше авионот на романското воено воздухопловство.

Во 14.45 минути истиот пожар е проширен кон сртот на ловиштето Јасен.

Милкова посочи дека на терен се припадници на Армијата, ДЗС, противпожарни бригади, месно население од Сарај и во моментов се уште се на терен и се борат со пламените јазици, за да го локализираат овој прожар до крајот на денот.

Активни пожари има во Чучер Сандево во Скопје кај селото Побожје, каде се запалени три куќи. На лице место е ППБ на град Скопје.

Милкова информира дека за кратко време ќе дознаат каква е состојбата и од што е предизвикан за изгорување на овие три куќи.

Активен е пожарот во Петровец село Дивље м.в. Крушје, но со намален интензитет. И таму се уште на терен се претставници од АРМ, ППБ од Град Скоопје, ШС Караџица и месно население.

Пожарот во Прилеп, Топлица е активен кон селото Крстец. На терен се претставниците од ШС Црн бор од Прилеп и претставници на ДЗС.

Активен е пожарот и во Агино село, кој избувна околу 12.30 часот. Како што информира Милкова, таму гореше сува трева и стрништето. На терен се преставници од Противпожарната Бригада од Куамново, претставници од бригадата на Град Скопје, месното население.

Од 15 часот повторно е активен и пожарот кај Македонски Брод, кај селото Слатина. На терен се претставници од ТППЕ Македонски Брод, од МВР, месно население. Патниот правец Македонски Брод кон Самоков во моментов е во прекин.

Пожар со помал интензитет има и во прилепскиот регион кај селото Средорек, меѓутоа како што рече Милкова, тој се држи под контрола и се надеваат дека за кратко време истиот ќе биде локализиран.

активни пожари ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.