Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Активни пожари на Закинтос, Кефалонија и во близина на градот Воница, се евакуираат населени места

0
By Marija Todorovska on August 12, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Скриншот Aitolianews
Фото: Скриншот Aitolianews
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шумски пожари утрово се активни на островите Закинтос и Кефалонија, како и во близина на градот Воница во западниот дел на Грција, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за евакуација на населените места што се во близина на огнените јазици.

На Закинтос ситуацијата е особено тешка, евакуирани беа две села во јужниот дел на островот, а интервенираат 20 пожарникари со девет возила, два авиони и еден хеликоптер, но не е исклучена можноста противпожарните сили дополнително да се зајакнат.

Пожарот на Кефалонија избувна во текот на ноќта во југозападниот дел на островот, каде што се ангажирани 60 пожарникари со три пешадиски тима, 17 возила, четири авиони и еден хеликоптер, а помагаат и цистерни од општината.

Од бројот 112 беше испратена порака до сите оние кои се наоѓаат во три села да се евакуираат.

Порака за евакуација имаше и поради пожарот во близина на градот Воница во западниот дел на Грција, каде што за гаснење на шумскиот пожар се ангажирани 85 пожарникари со три пешадиски тима и 27 возила, а од воздух се гасне со девет авиони и еден хеликоптер.

Според прогнозите за опасност од пожари на Министерството за цивилната заштита и климатски кризи на Грција што секојдневно се објавуваат, за денеска многу висок ризик од пожари (категорија четири) има во Атика, на Халкидики, во дел од западна Грција, во голем дел од Пелопонез, на Евија, на дел од островите во северниот дел на Егејското море, како и во североисточниот дел на земјата.

Грција евакуација Закинтос Кефалонија пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.