Ламбе Алабаковски е пуштен во домашен притвор, потврди за Телма адвокатот на пејачот Дарко Стефановски.
По жалба на адвокатот на Ламбе Алабаковски Судскиот совет од битолскиот основен суд ја преиначи мерката притвор во куќен притвор.
Алабаковски попладнево го напушти притворското одделение во затворот во Битола и е спроведен во неговиот дом, каде ќе ја издржува мерката.
Претходно Драган Георгиев, адвокатот на Ламбе Алабаковски кој беше уапсен за палење на културниот центар „Иван Михајлов“ за што доби осумдневен притвор, откри дека пејачот има државјанство на САД, но дека тоа не го користи во своја полза.