Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Албанија ќе им пружи засолниште на иранските опозиционери

0
By Нова ТВ on March 17, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 17, 2013 11:28

Албанија ќе обезбеди засолниште за 210 членови на групацијата Муџахедин е Халк (Организација на муџахедините на иранскиот народ – МЕК), кои живеат во изолиран камп на територијата на Ирак, изјави албанскиот премиер Сали Бериша.

Според премиерот Сали Бериша, како што соопшти владината служба за односи со јавноста, оваа одлука е донесена од „од хуманитарни причини”.

Решението е крајниот резултат на шестмесечните преговори меѓу САД и Албанија, а беше најавено по состанокот на Бериша и американскиот заменик-помошник државен секретар Барбара Лив и специјалниот претставник на Обединетите нации во Ирак, Мартин Коблер.

Познато е дека Багдад има за цел да го забрза преселувањето на кампот, кој подолг период е дом на околу три илјади луѓе.

Групацијата Муџахедин е Халк е основана во 1965 година од страна на ирански студенти кои сакаа да го соборат режимот на шахот лојален на САД и да формираат во Иран социјалистичка исламска република.

Припадниците на движењето го поддржаа лидерот на Исламската револуција ајатолахот Хомеини во борбата против режимот на шахот, но набрзо по Исламската револуција во 1979 година идеолошки се разидоа со иранското клер. Припадниците на Муџахедин е Халк во Иран изведоа голем број терористички акти, па дејствувањето на организацијата во оваа земја беше забрането.

Подоцна ирански единици на „муџахедините” во 1982 година го пренесоа своето дејствување во Франција, а во 1986 година во Ирак, каде му дадоа поддршка на ирачкиот диктатор Садам Хусеин редовно преземајќи вооружени напади во Иран и ангажирајќи се во субверзивни активности против Исламската Република за време на иранско-ирачката војна од периодот меѓу 1980 и1988 година.

Според процените на иранската влада, припадниците на Муџахедин е Халк се одговорни за смртта на повеќе од 12 илјади ирански и повеќе од 25 ирачки цивили, во прв ред припадници на тамошното шиитско мнозинство.

Во 1997 година, американскиот Стејт департмент официјално организацијата Муџахедин е Халк ја стави на списокот терористички организации. Подоцна, Вашингтон во повеќе наврати ја потенцираше поврзаноста на оваа групација со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда.

По американската инвазија на Ирак, Муџахедин е Халк беше неутрализирана и разоружена, но политичката активност на организацијата продолжи. Всушност, „муџахедините” склучија примирје со Вашингтон, а во септември 2012 година, САД ја тргнаа Муџахедин е Халк од листата терористички организации.

Поради тоа, Иран го обвини Вашингтон дека спроведува „двојни стандарди” и истакна дека САД ја користи оваа групација во борбата против актуелната власт на Исламската Република

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.