Голем број на граѓани присуствуваа на протестот пред Владата во Тирана организан од граѓански активисти и транспортни претпријатија во знак на незадоволство од високите цени на горивата.
Протестот траеше повеќе од два часа, а беа блокирани улиците со гаснење на автомобили и со главно барање намалување на цената на горивата.
Бараме укинување на даноците, бидејќи плаќаме 260 лека (122,2 лека =1 евро) за литар нафта. Сè додека не се прифати нашето барање секојдневно во 17 часот ќе протестираме пред Владата, беше пораката од протестот кој мина мирно.
Меѓу учесниците беше и комичарот Флор Бинај кој во рака држеше фотографии на премиерот Еди Рама и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, со напишани нивни изјави со кои иронизира: „Јас не сум изгубил ниту едни избори“. вели Баша, а Рама вели „Јас не сум зголемил ниту еден данок“.
Иронизираа и со изјава на министерката за инфраструктура и енергетика Белинда Балку која „ги посоветувала граѓаните да одат пеш или да користат велосипеди”.
Протести имаше и во други градови, со поголемо учество во Драч, каде со автомобили беа блокирани повеќе улици.




