Албанскиот министер за интеграција Клајда Ѓоша изјави дека од синоќа голем број бегалци, главно од Сирија чекаат да влезат во Албанија.
Според него, ова е резултат на одлуката на Македонија да го запре транзитот на бегалците од Авганистан од Грција и да воведе построга контрола за Сиријците и Ирачаните.
Министерот не го прецизираше борјот на оние кои чекаат на граничните премини од Грција кон Албанија, но истакна дека се засилуваат пограничните патроли.
Албанските медиуми нагласуваат дека албанските министерства за одбрана и за внатрешни работи веќе ја засилуваат границата со цел да извршат контроли. Најмногу припадници на албанската полиција има на граничниот премин Капиштица кон Грција.
Албанската Влада последниве две недели неколку пати имаше средби со претставници на ЕУ и САД за нејзина подготвеност ако бегалците од Сирија побараат да влезат во Албанија.




